Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Уписите на децата кои сакаат да посетуваат часови по англиски јазик, за учење преку игра и дружење, кои ќе се изведуваат во просториите на Црвениот крст Охрид, траат до петок, 20-ти февруари.
И оваа сезона продолжува новиот циклус на популарниот проект кај децата, Час по приказни.
Станува збор за продолжување на проектот од изминатите години на детски час по приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 до 7 години. Децата кои ќе се запишат на курсот, ќе можат бесплатно да ја користат и англиската библиотека, која е основана и функционира во рамките на ОО на Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5