Москва, 19. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на ЦСКА Москва поведоа со 1-0 против Химки во плеј-офот на Евролигата, но рускиот тим во продолжението од серијата го очекува далеку потешка работа.
Причината за тоа е поради повредата на најдобриот играч на „армејци“, Нандо де Коло, кој на првиот меч со Химки (98-95) се здоби со повреда на препоните на левата нога и го очекува подолга пауза.
Според информации кои доаѓаат од Русија, Де Коло најрано на терените би се вратил за еден месец, што значи дека на располагање на тренерот Димитрис Итудис би му се ставил дури за евентуалниот фајнал-фор (18-20 мај).
ЦСКА на свој терен ќе го одигра и вториот меч со Химки, кој на програмата е вечерва со почеток од 19.00 часот. (Крај)
извор: Гол.мк фото: архива