Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопшти дека годинава ќе има повеќе продолжени викенди, за разлика од 2016.
По празничниот викенд за Новогодишните празници, следни неработни денови ќе бидат веќе на крајот на неделава. Бадник – 6-ти јануари 2017 година, петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Со оглед на тоа дека Бадник и Божик се паѓаат во петок и сабота, граѓаните ќе имаат продолжен викенд. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 7