Охрид, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид продолжуваат протестите кои се во организација на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Ќе го кренеме гласот за заедничка Македонија, слободно граѓанско поле за сите нејзини жители, дом за сите што ја сакаат Македонија, стои во најавата за собирот.
Собирот ќе започне кај Мини маркет со почеток во 17:00 часот.
Минатата недела, учесниците на протестот се движеа низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26