мај 28, 2018

Охрид, 28. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со Света архиерејска литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. денес продолжуваат чествувањата по повод 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија.

Со литургијата ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Централниот настан по повод значајниот јубилеј се одржа синоќа во „Света Софија“, со Свечена академија на која присуствуваа поглаварот на МПЦ Стефан, членовите на Светиот синод на МПЦ како и највисокото државно раководство предводено од претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука