Продолжува уредувањето на краците од улиците „Дејан Војвода” и „Македонски Просветители“
ноември 10, 2024

Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат градежните активности кои започнаа пред околу еден месец за изградба на фекална и атмосферска канализација на краци од улиците „Дејан Војвода” и „Македонски Просветители“ со нови приклучоци за сите објекти.

Согласно проектот предвидено е да се изградат и нови тротоари со камени плочи, нови рабници и ќе се постави ново осветлување. По завршувањето на овие активности двете улици ќе се асфалтираат. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари.

На овој потег период наназад се изведуваа градежни зафати за реконструкција на водводната линија и фекалната канализациона мрежа, но чести беа дефектите во водоводната мрежа, поради што жителите од оваа и од улицата „Македонски просветители“ имаа прекини во водснабдувањето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука