Струга/Демир Хисар, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера, 4-ти октомври 2024 година, во близина на Демирхисарското село Сладуево, лишија од слобода 53-годишно лице од струшкото село Калишта.
– При преглед на патничко моторно возило марка „Ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од лицето, биле пронајдени над 50 килограми марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: МВР
Прочитано: 90