Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот П.Р. од Охрид, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 31 март, околу 01.00 часот на ул. „Климентов Универзитет“, пред куќата во сопственост на Н.Д. (42), било опожарено возило со охридски регистарски ознаки. По преземените мерки било утврдено дека сторител е лицето П.Р. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22