мај 16, 2018

Софија, 16. мај 2018 (Inpress) – Во организација на фондацијата „Бугарска меморија” денес во Софија се одржува протест против одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква да не присуствува во Охрид на одбележувањето на 1.000 години од Охридската архиепископија. За нас ова е антидржавна активност, велат организаторите, јави агенцијата БГНЕС.

– Протестот е израз на една граѓанска позиција и горчина од антидржавната активност, предводена од Светиот синод, велат организаторите и бараат патријархот да свика вонредна седница на Светиот синод за да ја разгледа одлуката од 14-ти мај.

Претставници на фондацијата велат дека на двајца бугарски архиепископи дури им било забрането да присуствуваат на прославата.

– Скандалозното гласање било во отсуство на патријархот Неофит, кој ја презеде одговорноста да ја прифатиме подадената рака од МПЦ да им бидеме црква-мајка во битката за автокефалност. Ова ги компромитира напорите на Бугарија за мир и напредок во регионот, велат од фондацијата „Бугарска меморија”.

Според нив одлуката на синодот е во целосна спротивност со ветеното од пред само шест месеци и демонстрира сервисирање на надворешните антибугарски интереси.

– На 24-ти мај очекуваме заедничко чествување во Рим на гробот на Св. Кирил, во присуство на премиерите на двете земји, велат организаторите.

Зад грбот на патријархот направија комплот, тајните служи треба да се активираат, да се провери можното странско влијание за ваквата одлука, изјави Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска меморија“. (Крај)

извор: мкд.мк фото: мкд.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука