март 25, 2018

Охрид, 25. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“, денес во Охрид се одржа мирен протест на кој учесниците го изразија незадоволството од евентуалната промена на името на државата и Законот за јазиците.

– Излеговме за спас на нашето световно име Македонија. Не го даваме ни нашиот јазик. Срамота е за македонскиот народ што не сака да си брани државата. Мора да ја одбраниме татковината, порачаа дел од насобраните граѓани.

На протестот се пуштаа македонски патриотски песни, а истиот помина во мирна атмосфера.

– Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ е надпартиска иницијатива која ги повикува сите, без разлика на нивната идеолошка определба или партиска припадност, да се вклучат во одбрана на македонските интереси, порачаа од „Македонија пред се“.

Вакви собири деновиве се одржаа во неколку градови низ Македонија, а денес ваков протест се одржа и во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука