Париз,9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот вицешампион ПСЖ е подготвен да се раздели со полудефанзивецот Лукас Моура, но само за сума од 40 милиони евра, тврди „Екип“.
Тој има договор со тимот до летото следната година, но веќе не е стартер во составот на ПСЖ. И самиот играч исто така, сака да го напушти тимот и да заигра редовно, за да може да биде повикан во составот на Бразил за Мундијалот во Русија ова лето.
Познато е дека Нант има интерес кон него, но дефинитивно Клаудио Раниери не може да си дозволи да го привлече Бразилецот за горенаведената сума.
Интерес за фудбалерот има и од англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Ливерпул. (Крај)
извор: Стандард фото: архива
Прочитано: 9