Дортмунд, 1.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пјер Емерик Обамејанг ја игра последната сезона во Борусија Дортмунд, а медиумите тврдат дека веќе е позната неговата следна дестинација.
Според секогаш добро информираниот „Билд“, таткото на Обамејанг и негов менаџер започнал во преговори со ПСЖ и добил повеќе од примамлива понуда.
Имено, „светците“ сакаат да го вратат Обамејанг во Франција за годишна плата од 12.000.000 евра.Според „Билд“ Дортмунд како обештетување ќе добие сума од околу 70 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19