Скопје, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јованка Радичевиќ и Амандин Лејно, двете ракометарки кои ги бранат боите на македонски ЖРК Вардар, се најдоа во идеалниот тим за изминатата календарска година, во анкета која ја спроведе реномираниот „Хендбол планет“.
Црногорката е најдобро десно крило за 2017 година, додека Французинката е најдобар голман. На останатите позиции се Камила Херем (Сола, Норвешка), Кристина Неагу (ЦСМ Букурешт, Романија), Стине Офтедал (Ѓер, Норвешка), Ивета Брох (Ѓер, Холандија) и Едуарда Аморим (Ѓер, Бразил).
Во втората постава се најдоа дури три вардарки – Драгана Цвијиќ, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, а таму се уште и Ана Грос и Катарина Булатовиќ.(Крај)
извор: gol.mk фото: архива
Прочитано: 23