Охрид, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викенд гостите ги пополнија капацитетите во Охрид.
И покрај променливото облачно време, продолжениот празничен викенд ги привлече да прошетаат по нивните омилени локации во Охрид: кејот, чаршијата, Градскиот плоштад. Слободното време посетителите го користат и за релаксирање во блиските угостителски локали.
Најмладите, пак, на плоштадот во Охрид времето го искористија за игра и дружење со маскотите од нивните омилени детски серии и филмови.
Што се однесува до исполнетоста на капацитетите, како што информираа хотелиерите, и годинава има голем интерес кај странските туристи, претежно од западно европските земји, но и од соседството и од Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23