Охрид, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид го добија дерби натпреварот против Пелистер во рамки од 15.коло на Првата македонска лига.
Во воведниот меч од пролетниот дел, одигран вчера во Охрид, домашните ракометари славеа победа над битолски Пелистер со 28-24 полувреме 16-10. Ова беше меч на двете првопласирани екипи на табелата, а по него сега двата тима имаат идентични 34 бодови.
Прво име во победничкиот табор на Охрид со 6 гола беше Кезиќ, додека кај Пелистер најефикасен со 7 гола беше Везенковски, додека по 5 дадоа Вујачиќ и Тасевски.
Табела: Пелистер 34 бодови, Охрид 34, Еурофарм Работник 28, Борец 23, Прилеп 20, Радовиш 19, Пролет 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28