Скопје, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со победата над Фарски Острови од 23-19 женската младинска ракометна репрезентација на Македонија до 19 години, обезбеди учество на ЕП што од 27 јули-6 август ќе се игра во Словенија.
Победата постигната над Фарски Острови беше втора за младите ракометарки во групата откако претходно беше совладана Молдавија.
Најефикасна на натпреварот беше Леонида Гичевска со 7 голови, додека Марија Гајиќ постигна 6. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 31