Скопје, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација во сабота ќе одигра пријателски натпревар против Русија на кој за нашиот национален тим освен Лазаров , најверојатно нема да настапи Стојанче Стоилов.
Ракометарот на Вардар се пожалил на повреда на препоните и селекторот Гонзалес најверојатно нема дополнително да ризикува и ќе го поштеди на дуелот против Русија. Направени детални лекарски прегледи кои треба да покажат дали и колку е сериозна повредата и колкав е периодот на рехабилитација.
Оваа повреда доаѓа во непријатно време за Вардар пред кои следната седмица престои Ф4 турнирот од СЕХА лигата и се уште е неизвесно дали капитенот ќе настапи. Покрај Стоилов на мечот со Русија нема да настапи и капитенот Кире Лазаров на барање на неговиот клуб Нант.
Саботниот дуел ќе биде од затворен карактер и двајцата селектори ќе имаат можност да ги испробаат своите тактички замисли пред јунските бараж дуели.
Натпреварот помеѓу Македонија и Русија е подготовка за македонските репрезентивци кои во јуни ги очекува бараж двомечот против Романија за пласман на Светското првенство 2019 година, кое ќе се одржи во Данска и Германија на средината на јануари. (Крај)
извор: 24ракомет фото: архива