Охрид, 1. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – По неколку средби и координации со досегашните закупци, конечно е распишана објавата за нов закуп на пет супер-атрактивни плажи на првата линија на Охридското Езеро.
Станува збор за петте најпосакувани плажи за стопанисување и тоа плажите: Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо и Бела Виста (Ambrosia).
– Предмет на електронското јавно наддавање е градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички план за УЗ 1 Блок 1.2, Блок 1.4 и дел од Блок 3.4, донесен со одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-6092/40 од 30.06.2014 година, со намена Д3 спорт и рекреација – плажа, под краткотраен закуп со времетраење од 5 години, Урбанистички проект за уредување на плажите на дел од Охридското крајбрежје – потег Студенчишта-Елешец 2002 год. Согласно член 32, став 3 на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. на Р.М, бр.4/96, 20/97,18/99 и 53/2001). Се дава согласност на овој урбанистички проект со тех.бр 02/02 од Мај 2002 година, стои во официјалната информација.
Сите заинтересирани објавата можат да ја погледнат на следниот линк. (Крај)
извор: општинаОхрид фото: архива