Монте Карло, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерсот во Монте Карло,откако во два сета со 6-1,6-3 беше подобар од Алберт Рамос-Вињолас.
Шпанецот руши рекорди во современиот тенис, тој во Монте Карло ја освои својата десетта титула на овој Мастерс, со што стана првиот тенисер во опен ерата, со двоцифрен број на освоени титули на еден турнир.
За Надал ова е 29-та титула на Мастерс турнирите, ила вкупно 70-та во неговата кариера. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 65