април 4, 2017

Барселона, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бразилецот Рафиња нема да му биде на располагање на тренерот Луис Енрике во наредните триесетина денови, откако заработи повреда на десното колено на дуелот  против Гранада.

По деталните прегледи лекарскиот тим утврдил дека се работи за повреда на менискусот на коленото,а со оглед дека Рафиња веќе има правено операција на истото колено, докторите одлучиле оваа повреда да се лекува подолгорочно.

Фудбалерот за врска ќе го пропушти четвртфиналниот двомеч од ЛШ против Јувентус, како и „Ел Класико“, дуелот со Реал Мадрид, кој ќе се игра на 23.април. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука