Виго, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Селта и Атлетико Мадрид му се придружија на Алавес во полуфиналето во Купот на Кралот.
Атлетико Мадрид по 3-0 во првиот меч синоќа против Еибар изигра 2-2, а со ист резултат заврши и реваншот помеѓу Селта и Реал Мадрид, по кој фудбалерите на „кралскиот клуб“ беа елиминирани од своето понатамошно учество во Купот за оваа сезона.Реал се обиде на гости да ја надополни негативата од 1-2 во првиот меч, но домаќинот успеа да го издржи силниот притисок на гостинските фудбалери.
Вечерва ќе биде познат и четвртиот патник во полуфиналето по одигрувањето на дуелот помеѓу Барселона и Реал Сосиедад, во кој каталонците имат предност од 1-0 од првиот меч. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 2