Мадрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Единсон Кавани ги одложи преговорите со управата на ПСЖ за продолжување на соработката, затоа што постои опција да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и да го засили Реал Мадрид во летниот преоден рок.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, сака да го освежи тимот со неколку нови ѕвезди, а Кавани би бил една од опциите за засилување на навалната линија.
Доколку оваа замисла се реализира, во спротивна насока треба да замине Карим Бензема и да го засили клубот од Париз. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21