Белград , 21. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Реал Мадрид, предводени од новата ѕвезда на европската и светската кошарка, Лука Дончиќ стигнаа до 10. европска титула, откако во финалето на Евролигата во Белград со 85:80 го совладаа досега актуелниот шампион, турскиот Фенербахче.
Најефикасен за „Лос бланкос“ беше Французинот Фабиен Косер со 17 поени, додека Дончиќ, кој веќе беше прогласен за МВП на сезоната уфрли 15 поени. Во Фенербахче Николо Мели имаше дури 28 поени, а Бред Ванамејкер постигна 14.
Претходно во борбата за третото место Жалгирис ја победи ЦСКА Москва со 79-77. (Крај)
извор: Макфакс фото: Б92
Прочитано: 25