Мадрид, 9. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Реал Мадрид тргна подготвува понуда за поранешниот фудбалер на Барселона, Тијаго Алкантара, кој сега настапува во германскиот шампион Баерн Минхен.
Тијаго Алкантара го напушти „Камп Ноу“ кога Пеп Гвардиола го презеде Баерн Минхен, а имаше шпекулации дека повторно би можел да му се придружи и во англискиот премиерлигаш Манчестер сити.
„Кралевите“, според информациите од Шпанија, се подготвени да платат 45 милиони евра за да го доведат Тијаго Алкантара на „Сантијаго Бернабеу“. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15