јануари 28, 2018

Мадрид, 28. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Реал Мадрид игра очајна сезона и веќе има негатива од 19 бода во однос на лидерот во Ла Лига Барселона. Доколку „кралевите“ испадната од ПСЖ во Лигата на шампиони уште во првата нокаут рунда во Лигата на шампиони, тоа дефинитивно ќе биде сезона без трофеј.

Клубот веќе се подготвува за летно трошење и реконструкција на тимот. Шпекулациите велат дека Нејмар е примарна трансфер-цел на „лос бланкос“, но шансите за ваква зделка се минимални.

Според „ЕСПН“, Реал Мадрид подготвува 500 милиони фунти за тројца фудбалери од Премиерлигата. Приоритет е Еден Азар од Челси, додека останатите играчи на листата на „кралевите“ се Хери Кејн од Тотнем и голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа.

Актуелниот шпански, европски и светски шампион ќе го бара својот нов тренер исто така во Премиерлигата, бидејќи Маурисио Покетино е кандидат број 1 да го наследи Зинедин Зидан. (Крај)

извор: Спортски фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука