Лондон, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва продолжуваат возбудувањата во ЛШ а на програмата се реванш осминафиналните натпревари.
Реал Мадрид во Неапол ќе излезе со полн состав и со предност од 3-1 од првиот меч, а тренерот Зинедин Зидан е уверен дека неговиот тим ќе успее да се пласира во четвртфиналето.
На вториот вечерашен дуел Арсенал треба да му даде минимум четири гола на Баерн Минхен (1-5) за да се надева на чудо и да се пласира во четвртфиналето од ЛШ.Мисијата е невозможна, а Арсенал ќе биде ослабен и со неиграњето на Озил поради болест. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27