Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екстерната проверка на знаењата за учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведува до 3-ти февруари годинава.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари. Незадоволните учениците од оценката ќе имаат рок од три дена да поднесат приговор.
Како што информираат од Државниот испитен центар, списоците со предметите по кои ќе полагаат учениците поединечно, навремено стигнале до сите училишта. За екстерната проверка матурантите ќе бидат распределени во три термини.
Матурантите ќе бидат тестирани по два предмета.
За годинешното тестирање внесени се 20 проценти нови прашања, откако биле избришани оние за кои лани имало приговори кои беа прифатени.
Учениците пак, од четврто одделение до трета година средно екстерно ќе полагаат на крајот од второто полугодие. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива