Охрид, 6. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од РЕК Битола соопштија дека е раскината рамковната спогодба за ископ на јаглен и јаловина која во февруари годинава ја потпиша претходното раководство на Електрани на Република Македонија со фирмата „Марковски компани-Борче“ ДООЕЛ.
Договорот беше со важност од 18 месеци, односно до август 2025 година. „Марковски компани“ имаше и подизведувачи, и тоа „Сим Инженеринг“ и „Јавор-транс“ од Струмица и „Топлина“ од село Подмоље, Охрид.
Основот за раскинување на договорот, според директорот на РЕК Битола Тони Петрушевски, е непочитување на обврските од договорот согласно техничката спецификација. Тој кажа и дека ја наплатиле банкарската гаранција од близу два милиона евра. Не спомна и дека поднеле, или дека ќе поднесат кривична пријава или дека ќе бараат друга форма на одговорност од компанијата
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: 360 Степени фото: архива