Торино, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Јувентус сака во своите редови да го донесе португалецот Ренато Санчез.
Тој сега игра за минхенски Баерн. Италијанските медиуми објавија дека веќе било контактирано со надлежните од Баерн за трансфер на Санчез. Младиот португалец е подготвен да си замине од Минхен.
Од Торино сакаат да го видат Санчез во нивните редови и подготвени се да платат 30 милиони евра за неговите услуги. Медиумите наведуваат дека е многу веројатно да дојде до тој трансфер ова лето.
Освен клубот од Торино, за Санчез се заинтересирани и од Манчестер Јунајтед. (Крај)
извор: sportski.mk фото: архива
Прочитано: 14