Охрид, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Порталот „Република“ јави дека во акцијата на полицијата, покрај поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков биле приведени и охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и Крсто Мукоски од Вевчани.
Тие биле приведени во врска со настаните од 27-ми април во Собранието на Република Македонија.
Истиот извор јавува дека, покрај Mитко Чавков, неофицијално приведени се уште 15 лица, меѓу кои уште пратеници и граѓани. (Крај)
извор: Република фото: архива
Прочитано: 10