Охрид, 17. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од навивачката група „Рибари“ од Охрид испратија официјална појана на нивниот профил на Facebook до сите членови за соодветно и достоинствено прославување на големиот верски празник Богојавление Водици.
– Ја продолжуваме нашата традиција и оваа година. Ги повикуваме сите Рибари во петок, на 19-ти јануари 2024 година во 08:00 часот на собир пред чинарот во Охридската чаршија. Од тука сите заедно ќе се упатиме на утринската литургија во црквата „Света Богородица Каменско“. Потоа заедно ќе се упатиме кон градското пристаниште на групно скокање по Светиот крст. Нека е за многу години. Да живее Православен Охрид. Да живее Македонија, порачаа од навивачката група „Рибари“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива