Охрид, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на поранешната охридска касарна функционира старт ап центарот Kasarna Hub.
Како дел од проектот OHRID GO, целта е Охрид да се стави и на мапата на дигиталните номади. Тука може да дојде секој кој има идеја за да формира иновативен технолошки бизнис, може да користи простории за развој на својата замисла без за тоа да плати надомест.
Со Ристо Николески и Наум Димитриески од партнер компанијата Stellar Solutions, поразговаравме за досегашното функционирање на хабот, колку е атрактивен за охриѓани и странците и за идните планови за реализација.
Супер радио: Да го објасниме концептот на Kasarna Hub. Како функционира, кои поволности ги нудите, кои сé може да се обрати тука, дали за тоа треба да плати?
Николески: Kasarna Hub е дел од проектот OHRID GO (Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative). Тоа е иновативниот дел каде што требаше да се формира Smart ideas hub, тоа одлучивме да го наречеме Kasarna Hub, бидејќи сме сметени во просториите на некогашната Касарна. Тука може да дојде секој кој има идеја за да формира иновативен технолошки бизнис. Не се плаќа надомест, само одредена како донација за да може самиот хаб да функционира понатаму. Донација, финансиски за да ги решиме проблемите со кои се соочуваме, на пример треба да се решава и да се размислува за греењето, доаѓа зима, нормално тоа ќе оди и со поддршка на локалната самоуправа, но и со самиот проект што е дел од општината и општината има одредени обврски, како што е изгарадба на адреналинскиот парк тука во околината, исто така треба Охрид да прерасне во Smart bike city, односно да се постават 10 велосипедски станици со 60 велосипеди што ќе се изнајмуваат. Станува збор за инивативни технолошки бизниси. Имаме неколку поголеми co-working простории каде може да си дојдат дигитални номади од градов, од околината и плус како една нова туристичка алка, која во светот многу се развива, доаѓаат поголеми групи кои работат така речено од дома. Може да си дојдат тука, им нудиме канцеларија, имаме супер брз интернет, соба за релаксација.
Супер радио: На самиот почеток при аплицирање на самиот проект како партнер компанија беше Stellar Solutions, технолошка компанија што се занимава со софтвески решенија и апликации. Компанија од Скопје, но со охридски корени.
Димитриески (Stellar Solutions): Stellar Solutions е избрана како фирма поради техничка експертиза know how за водење на вакви хабови. Ние сме софтвесрска компанија, работиме за странски клиенти. Нашата цел е како компанија да го разработиме местото во смисла на актуелизација кај младите да разберат што значи старап хаб, да почнат да доаѓаат тука и да се заинтригираат да почнат свој стартап бизнис, најчесто се тие во дигиталната сфера но може да се и во било која друга сфера. Траба да се охрабрат, да излезат на пазарот и да се обидат со сопствените идеи , колку и да им се чинат недостижни не може да знаете додека не се реализира дали ќе биде прифатена. Некогаш во дигиталната сфера успеале и наједноставните идеи. Сега Охрид, Струга и регионот имаат место каде може да се артикулираат идеите, што досега го немаше. Исто голем одзив има и кај странците, тие гледаат тука да најдат луѓе што ќе работат за на нивни проекти. Еден друг момент од кој сум позитиовно изненаден, многу локални здруженија просторот го користат за состаноци и работилници. Имаме доста здруженија на млади гејмери што сакаат да соработуваме има доста деца кои се во видео анимации или поготовка на дигитални игри, тоа треба да се поддржи. На младите им треба помош и поддршка на терен, секој напредок најдобро е да се согледа преку пример. Нудиме некоја содржина да се артикулира градот да не е само во туризам, градов има богата индустриска култура и треба да се насочи кон новата индустрија- софтврот. Позитивно сум изненаден од реакциите и коментарите, мене ми е желба овој простор да се насочи во правец да остане за граѓаните, да се направи како градски парк, да се одржува и да се движи во правец на технолошки парк.
Супер радио: Организиравте и отворени денови. Дали охриѓани се иноватовни, дали имаше креативни идеи?
Николески: Да, почетокот беше во вид на отворени денови, да дојдат тука, да ја посетат касарната, да видат што нудимe. Дури и се изненадивме колку охриѓани се иновативни, младите луѓе имаат такви идеи, нивните досегашни традиционални бизниси сакаат да ги насочат технолошки да се развиваат. Се запознавме со многу интересни млади луѓе кои беа доста иновативни, имаат многу убави бизнис планови и идеи, но тоа ќе биде откриено со текот на времето како тие сами ќе дојдат да ја до реализираме нивната бизнис идеја. Ние секако ќе им помогнеме, тоа е и целта на самиот стартап. Нудиме развивање на самата идеја, дали е компатибилна, дали може да се развива, понатаму ако немаат финансиски средства, хабот е тука да помогне со нашите експерти со кои сорабуваме, да им изготват и бизнис план и нормално проектна документација за аплицирање понатаму во соодветните фондови кои би ги поддржале.
Димитриески (Stellar Solutions): Досега од локалното населние имаме одлична прифатеност, имаме доста луѓе што доаѓаат, холанѓани англичани, сакаат да ги користат просториите, co-working делот. Нашата главна цел е наместо нашата младина да работи за други софтвески компании од надвор, да тука секој дојде и отпочне свој бизнис, да ја реализира својата стартап идеја. Секој млад човек кога ќе има идеја за иновативен бизнис не знае до каде да почне. Ние имаме солидна инфраструктура можеме да го насочиме од идеја и реализација на проектот, како пишување проекти за да побара финансии, проектен менаџмент на проектот до техничка изработка на дигиталното решение, значи сите чекори, на секој млад човек можеме да му помогнеме, од идеја до рализација. Имаме соработници од надвор, од Европа, Израел, кои може да помогнат прозиоводот да се продава на други пазари.
Супер радио: Минатиот месец успешно го организиравте и првиот Хакатон. За што стануваше збор?
Николески: Нашиот хакатон беше за изработка на еден Chatbot, 72 часа тимовите кодираа. Тоа е апликација изработена некаде околу 70% требаше да се дореши. Значи учесниците дојдоа тука и ја доработуваа, заврши успешно, успешно се реализира апликацијата и понатаму сега оди на сама рализација како бизнис идеја.
Супер радио: Ги поддржувате напредните идеи и проекти, па така бевте домаќини на повеќе работилници и предавања, како она на професорот Анис Сефиданис, на младите Марио и Виктор – млади средношколци кои освоија награда за Best Game Europe на Game Jam+ во Бразил. Кажете збор два за овие настани.
Николески: Во следниот период како продолжување на тие open business day, секој петок, овие наредни два месеци, ќе имаме Kasarna Hub за охриѓани, односно ќе повикаме експерти, секој од различна област. Ќе имаме експерти како Зоран Стојковски, кој ќе зборува како до грантови, како до реализирање на тие успешни бизнис идеи. Следно ќе биде и предавањето на Гого Рафајловски, тој е претставник на технолошкиот хаб формиран во Тетово, што успешно работи. Рафајловски ќе зборува како да се заштити интелектуалната сопственост.
Супер радио: Што да очекуваме во следниот период од Kasarna Hub?
Николески: Почнуваме соработка со неколку поголеми корпорации во Македонија што работат во IТ индустријата, планираме да се направат како менторски програми за луѓето кои веќе работат во одредена индустрија, кои работат во јавните претпријатија, а сакаат да се пренасочат во IТ индустрија, бидејќи знаете не сите во IТ индустријата се софтверски инженери, има и работници кои внесуваат податоци, за тоа треба да имаат знаење во Word I Excel, познавање на англискиот јазик и одредени програми со кои ќе се дообучуваат таквите луѓе, за да можат да влезат во таа индустрија, бидејќи иднината оди кон тоа и со таа работа сте отворени не само за пазарот во Македонија, туку и за во светот. Исто така ќе има и дел за млади ученици кои сакаат нивното образование да го насочат кон IТ индустријата, ќе се направат такви менторски програми што ќе го надополнуваат нивното знаење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be1