април 8, 2017

Брест, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Веспрем ќе играат против Вардар во финалето на СЕХА лигата,откако во драматичното полуфинале, дури по изведувањето на пенали го победија домаќинот Мешков Брест.Мечот во регуларниот дел заврши 29-29, а по изведувањето на пеналите беше 33-31.

Претходно во првото полуфинале РК Вардар многу лесно се справи со ППД Загреб победувајќи со 36-28, стигнувајќи до своето петто финале во шестото издание на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Иван Чупиќ го предводеше нападот на Вардар со осум гола од десет шута, Вуко Борозан беше максимално прецизен постигнувајќи шест од шест, а Игор Карачиќ и Алекс Душебаев додадоа по четири гола во триумфот на „црвено-црните“.

Финалниот меч во СЕХА лигата ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот, откако претходно од 16:30 ќе се одигра натпреварот за третото место. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука