април 28, 2017

Скопје, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во четвртиот обид да стигне меѓу четирите најдобри екипи во лигата на шампионите на Вардар му успеа да стане првата машка екипа од Македонија што стигнува на Ф4 турнирот.

Триумфот од 35-27 (15-10) во реванш натпреварот со Флензбург беше само шлаг на тортата, на она што три години се работеше и се формираше мозаикот за конечно да се исполни целта.Тренерот Раул Гонзалез на прес конференцијата со еден збор најдобро ја отслика атмосфера, сликата, и конечно олеснувањето на душата што го почувствуваа сите во тимот… Конечно!

Раул Гонзалез на пресот изјави: Минавме трнлив пат за да играме на овој Ф4. Игравме против екипи како Веспрем, Киелце, Рајн Некар, Флензбург, кои се едни од најдобрите во Европа. Добро се подготвивме за дуелот со Флензбург, многу сум горд и среќен што моите играчи го остварија овој успех. Дадовме сѐ од себе, би сакал да им се заблагодарам на сите што беа со Вардар и што нѐ поддржуваа. Голема пофалба за играчите, публиката, како и за нашите поранешни играчи Тоскиќ, Прибак, Чипурин; Козлина… кои исто така се заслужни за овој успех. Одигравме одличен меч, победивме. Забележавме голем успех, сега да уживаме во него. (Крај)

извор: РК Вардар фото: РК Вардар

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука