април 10, 2017

Брест, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Вардар триумфираа во регионалната СЕХА лига по победата во финалето над Веспрем од 26-21.

„Црвено-црните“, на завршниот турнир кој се одржа во Брест, Белорусија, ја освоија третата титула во регионалната ракометна лига – 2012, 2014, 2017.Голманот Штербик имаше 12 интервенции, додека Вардар до победата го предводеа Канељас и Дибиров кои постигнаа по пет гола.

На завршниот турнир третото место го освои домаќинот Мешков Брест  со победата над Загреб од 23-19. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука