Скопје, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – РК Металург оваа сезона го заврши настапот во Лигата на шампионите со победа на домашен терен против Чеховски Медведи со 31-24.
За „сините“ од Автокоманда ова беше деветата сеозна во ЛШ,постигнаа пет победи и исто толку порази и со 10 бода се на третото место во групата Д недоволно за пласман панатаму.Ова е голем чекор напред за „металурзите“ во однос на лани кога беа последни во групата со само две победи.
Во победата на Металург,Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ постигнаа по седум гола , Жарко Пешевски реализира четири, а по три гола постигнаа Кузмановски, Костески и Гуглета. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19