Скопје/Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Принцезата од 600 грама, нашата Анабела Блажеска денеска по 129 дена со 2.080 грама си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада, објавија од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство (ГАК) од Скопје на нивната официјална страна на Facebook.
– Родена е во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама. Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2.080 грама. Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш. Расти Анабела во многу љубов, здравје и среќа. Биди им гордост на твоите родители, порачаа од ГАК. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ГАК