Охрид, 27. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани многупати на дело ја покажале својата хуманост, па така ќе биде и во вторник, 29-ти мај.
Пријателите на Ивона Нединковска, која за жал прерано го заврши својот живот, во чест на нејзиниот 31-ви роденден органзираат хуманитарна забава, која ќе се одржи во кафе „Ликвид“. Почетокот е во 20:00 часот, а ќе настапат The Backdoor Band и бендот на Анита Мицова.
Собраните средства ќе бидат донирани за Јана Арсовска, која моментално е на лекување во Фленсбург, Германија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28