мај 1, 2018

Рим, 1. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Раководството на Рома постигна договор со Бенфика за трансфер на бразилскиот офанзивен фудбалер Андерсон Талиска, информираат италијанските медиуми.

Талиска настапува како позајмен фудбалер во Бешикташ каде покажа одлични партии оваа сезона, па Рома побрза да го договори трансферот пред конкуренцијата.

Трансферната сума се уште не е објавена, но „волчицата“ наскоро ќе започне преговори со агентот на фудбалерот.

Бешикаш има можност да го откупи Талиска за 18 милиони евра, но Рома сигурно понудила многу повеќе за да го добие неговиот потпис. (Крај)

извор: Спортски фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука