Рим, 2.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Рома по доаѓањето на новиот спортски директор Мончи, започна со планирање за изгледот на екипата во следната сезона.
Управата на Рома му понудила нов договор на Даниеле Де Роси, кој е капитен на „волчицата“ кога не игра Франческо Тоти.
Де Роси ќе добие понуда за нов едногодишен договор, со опција и за уште една дополнителна сезона, каде би заработувал 3 милиони евра по сезона, плус бонуси. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15