Базел, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Роџер Федерер го продолжил договорот за настап на турнирот во Базел до 2019 година и со тоа потврди дека ќе биде активен уште најмалку две години.
Поранешниот светски рекет број 1 неодамна соопшти дека има желба да настапи на Олимписките игри во Токио што ќе се одржат во 2020-та година.
Швајцарецот тогаш ќе има 38 години и се очекува дека по ОИ ќе стави крај на богатата професионална тениска кариера. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20