јули 2, 2018

Москва, 2. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Селекциите на Русија и Хрватска се новите патници во 1/4 финалето на мундијалот во Русија откако дури по продолженијата и изведувањето на пенали беа подобри од своите противници Шпанија односно Данска.

Русија и Шпанија изиграа 1-1 во регуларниот дел, а домаќините во пеколни 120 минути успеаа да ја издржат целосната доминација на Шпанија, за потоа на пенали со 4-2 да ги исфрлат светските шампиони од 2010 година.

Идентична ситуацијата беше и на мечот Хрватска-Данска (1-1) а хрватскиот голман на Монако, Даниел Субашиќ успеа да одбрани три пенали во драматичната завршница ,за да ги „извлече“ фаворизираните „коцкести“ по долгата вечер во Нижни Новгород.

Subasic

Хрватите имаа совршена шанса да го решат натпреварот на пет минути пред крајот на продолжението, кога добија пенал за фаулот над Ребиќ, меѓутоа Каспер Шмајхел му ја фати „жива“ топката на хрватскиот капитен Лука Модриќ.

Денеска на програмата се дуелите Бразил-Мексико и Белгија-Јапонија. (Крај)

извор: Охридпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука