Охрид, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов охридските локали нудат различна музика и забава за посетителите.
За оние кои ја сакаат музиката и начинот на интерпретација на охриѓанецот Антонио Ристески, познат под уметничкото име Само Тони, кој настапува во придружба на две придружни вокалистки, познати како Две жени, ќе можат во петок да се забавуваат во кафе барот „Ликвид“.
Само Тони и Две жени се познати на јавноста по преработката во нивен посебен аранжман на познати македонски класик теми.
Во петок, 6-ти март, тие ќе понудат репертоар на различна музика за посетителите во „Ликвид“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5