Охрид, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата ХААК ги санира оштетувањата кои неодговорни поединци ги направија ноќеска на дел од новогодишната опрема поставена на Градскиот плоштад, како дел од пошироката прослава на Нова година во Охрид.
Станува збор за една од тезгите на кои наскоро, според најавите, треба да се одржи Фестивалот на виното во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
Од ХААК дополнуваат дека се посебно зајакнати сите тезги за да се спречат дополнителни оштетувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 9