јануари 31, 2023

Охрид, 31. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 30-ти јануари 2023 година, во периодот од 07:00 до 11:00 часот, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

– При тоа се санкционирани 114 возачи. Од нив, 53 на територијата на СВР Охрид, 21 на територија на СВР Тетово… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука