Охрид, 10. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти и 10-ти декември 2023 година, во периодот од 23:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.
– Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 4 во Охрид, 1 во Струга и 6 во Кичево. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 16