јануари 27, 2023

Охрид, 27. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на градоначалникот на општина Охрид, Сашо Недески, професор по математика, е реизбран за директор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, информираат од училиштето.

Училиштето изминативе години се реновира, модернизира, се подобрија условите за школување на учениците, а од пред три години школото доби и нова, современа спортска сала.

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е одличен пример каде се спроведува дуалното образование, со што од година во година расте интересот за школување во оваа установа, а тоа се покажа и при уписите за оваа учебна година. Учениците имат можност практичното знаење и искуство да го стекнат во компаниите ЛТХ „Леарница“, „Костал“, ОДВ „Електрик“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука