Охрид, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, 4-ти декември, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.
Како што информираат од Дебарско – кичевската епархија, со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски, г. Тимотеј.
Почетокот на литургијата е од 08:45 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5