Охрид, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на во недела, на 10-ти јуни 2018 година, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Варлаам Архиепископ Охридски“.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
По завршувањето на литургијата ќе се освети новиот конак и црковната продавница „Кандило“, кај црквата „св. Богородица Перивлепта“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 6