Скопје, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12-ти јануари, денот посветен на Св. маченица Татјана.
Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена.
После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама.
Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 10